еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

(Фото) Државниот врв традиционално на именден кај г.г Стефан

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, денеска традиционално беше  во посета на поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г. г. Стефан, за да му ги честита Божиќните празници и неговиот именден – празникот на Св. Првомаченик Стефан.

„Претседателот Џафери му посака на г.г. Стефан, како првиот на православната верска заедница добро здравје и благосостојба, успех, мудрост и верба во исполнувањето на високата духовна мисија, давајќи го својот придонес  во градењето на сигурната иднина за младите генерации, и за напредокот на државата,“ информираат од Собранието.

Кај г.г Стефан присуствуваше и претседателот на државата, Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на опозицијата Христијан Мицкоски.

„Традиционален ручек што го приредува поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, г.г. Стефан, по повод божиќните празници и неговиот именден.

Му посакав успешна и плодотворна работа, во годината кога се одбележува 25 години од неговото востоличување за Архиепископ охридски и македонски.

Нека е честит и за многу години празникот посветен на Светиот првомаченик и архиѓакон Стефан,“ информираа од Кабинетот на претседателот.

Фото: Собрание/Кабинет на претседателот

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кичеец од утринава почна да ја издржува затворската казна за „Рекет“

Редакција

Каков имот пријавил Игор Јанушев, кој доби условна казна за набавката на кинеските автобуси

Редакција

Вработени поднеле кривична против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Редакција