еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Вработени поднеле кривична против шефот на Управниот суд, Бурим Сејдини

Вработени во Управниот суд во Скопје поднесоа кривична пријава против првиот човек на овој суд, Бурим Сејдини, поради сомнение за злоупотреба на службената должност, објави Алсат М.

Кривичната пријава е испратена до Финансиската полиција, Комисијата за спречување на корупцијата, премиерот Димитар Ковачевски и вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска.

Содржината на пријавата првенствено вклучува сомневања за рачна распределба на предметите, иако Сејдини бил должен тоа да го прави преку електронскиот АКМИС систем.

Според анонимните пријави од вработени, Сејдини е осомничен и дека неодамна вработил две лица во судот, но според нив, тоа е спротивно на законот, бидејќи се работи за мајка и ќерка и дека во овој случај има конфликт на интерес.

Пријавата, како што објавува Алсат М, содржи и тврдење за намерно застарување на над 190 предмети од 2021 до 2023 година, главно финансиски предмети од Царината и од Управата за јавни приходи.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Намалување од 9%: За една недела 2.670 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Променливо облачно и нестабилно од утре до средината на следната недела

Редакција

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка: Поддршка на населението и бизнисот, одговорно и одржливо работење

Редакција