еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Штрајкот на Синдикат на контролори на летање во мирување додека не се разрешат директорите на М-НАВ

Најавениот за утре штрајк на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) е ставен во мирување додека не се реализира најавеното разрешување на директорите на Македонска навигација (М-НАВ), друштво во државна сопственост.

Синдикатот бараше разрешување на сите тројца директори на М-НАВ, но Владата денеска на Надзорниот одбор на Друштвото, му препорача разрешување само на двајца, извршниот директор и претседателот на Управниот одбор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди и секторскиот извршен директор во М-НАВ, Љубе Стаменковски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени двајца од тројцата директори на М-НАВ

За секторскиот директор Хасим Деари, пак нема препорака за разрешување.

-По одлуката на Владата го ставаме штрајкот во сирување. Ова е придвижување на работите.

Ќе ја анализираме целата состојба и случувања и ако има позитивна реализација на препораката од Владата до Надзорниот одбор ќе ја повлечеме одлуката за штрајк, изјави за државната агенција МИА Александар Тасевски, претседател на ССКЛ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Заев се сретна со синот на Сорос

Редакција

Магдалена Несторовска останува на позицијата државен секретар во МВР

Редакција

Даријан Сотировски поднесе претставка за дискриминација против Општина Тетово и Касами

Редакција