еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Фахрудин Хамиди, претседателот на Управниот одбор и извршен директор на Македонска навигација (М-НАВ), е во фокусот на јавноста по случувањата таму, но и поради неговата вчерашна изјава дека упадот во Контрола на летање било “кошкање помеѓу колеги“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Тој нема да поднесе оставка и ќе чека Владата во вторник да го разреши, како што најавија од таму.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога дошол на оваа функција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа и земјиште во Скопје, кои се подарок. Пријавил и земјоделско земјиште во Скопје, а вози Алфа Ромео и Мазда.

Има и кредит од 1,3 милион денари, кој треба да го врати следната година.

Кредит од 1,1 милион денари пријавил и на име на децата, на чие име пријавил и стан во изградба, како и возило Мерцедес.

На име на родителите пријавил земјиште и куќа за одмор во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Светската органзација на контролори на летање, запознаенa со случувањата во М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарија воведе задолжителен карантин од 14 дена при влез на македонски граѓани

Редакција

Тендер „тежок“ 208.000 евра: „Аиркон“ ќе го реконструира системот за ладење во владиниот објект „Нова Македонија“

Редакција

Лекција од Грција како се штрајкува: 24 часа без возови, бродови, автобуси, вести, затворени банки…

Редакција