еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема притвор за Беким Незири, функционерот на ДУИ, кој ги однесе напаѓачите во Контрола на летање

Иако Основното јавното обвинителство (ОЈО) Скопје побара притвор за Беким Незири, функционерот на ДУИ и советник во Македонска навигација (М-НАВ), кој ги однесе напаѓачите во Контрола на летање, Кривичниот суд му опредли мерка на претпазливост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Упад во служба која контролира меѓународни летови е терористички акт„: Твитер реакции

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Истата мерка Судот им определи на сите четворица осомничени, кои се достапни за органите на прогон. Четворица се уште не се.

-Согласно член 146 ст.1 од ЗКП на осомничените им се определува: Забрана за напуштање на живеалиштето односно престојувалиштето, Обврска за нивно јавување на определено службено лице во судот, Одземање на патната исправа односно забрана за нејзино издавање и Забрана за комуникација со оштетниот, како и меѓусебна комуникација, соопшти Судот.

Сите осум лица, како што претходно информираше ОЈО Скопје се товарат за кривичното дело Загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај од чл. 303 ст.2 вв со чл. 22 од КЗ.

„Осомничените на 4. јануари, со заедничко дејствие на извршување, сториле кривично дело со кое ја загрозиле безбедноста на Меѓународниот аеродром Скопје, незаконски и со намера да извршат дело на насилство против лице ги попречиле услугите на аеродромот.

Со нивните дејствија тие ја загрозиле безбедноста на меѓународниот воздушен сообраќај во момент кога во воздушниот простор над државава се одвивале 28 летови под контрола на М-НАВ, со што се осомничени дека извршиле кривично дело за кое е предвидена казна затвор од најмалку пет години.

Јавниот обвинител, ценејќи дека во конкретниот случај постои опасност од бегство, можност осомничените да влијаат врз постапката или да го повторат делото, до судијата на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за четворица осомничени кои се лишени од слобода, додека по останатите четворица се трага“, информираа од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од приведувањето на Беким Незири, кој не доби притвор за упадот во Контрола на летање

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Австриски „Стандард“: Изјавите на Вархеји за раздвојување на Македонија и Албанија предизвикаа бура од негодување во ЕУ

Редакција

Продолжува судењето за „Титаник 2“ во кој е обвинет и Мијалков

Редакција

Дојави за бомба и во Ист гејт и кулите на “Џевахир“

Редакција