еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од домашен притвор избега Исмет Гури поранешен функционер на ДУИ, распишана е потерница

Од домашен притвор избега Исмет Гури, поранешен функционер на владејачката ДУИ, објави телевизијата Телма.

Тој е поранешен заменик-директор на Управата за јавни приходи (УЈП), кој заврши во затвор поради вмешаност во случај со даночни измами во кој беа инволвирани 15 лица, меѓу кои бизнисмени и инспектори од УЈП, а се товарат за повеќе кривични дела како злосторничко здружување, даночна измама и перење пари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури и уште две лица

Во случајот е опфатен и неговиот син.

Гури, како што објави телевизијата, Судот го ослободил од издржување на затворската казна и времено му ја заменил со домашен притвор поради примање на редовна терапија за здравствените проблеми кои ги имал.

По него е распишана потерница, потврди за порталот „Скопје1“, обвинителката Ивана Трајчева.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Исмет Гури, заедно со Ејуп Алими, исто така, во јули лани доби затворски казни од по три години и шест месеци од Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“, за уништување изборен материјал.

По излегувањето на Изет Меџити од ДУИ, тој се придружи на неговата нова партија Демократско движење.

Фото: Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ќе ја „оплескаме“ ли со коронавирусот за Велигден?

Редакција

Ново поскапување на бензините до 2,5 денари, цената на дизелот останува иста

Редакција

Поради обврски на обвинител и бранител, судењето за „Титаник 1“ одложено за 9 мај

Редакција