еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ повторно осудени на три и пол години затвор за „Титаник 3“

Основниот кривичен суд Скопје во повтореното судење за случајот „Титаник 3“ за уништување изборен материјал на Исмет Гури и Ејуп Алими од ДУИ им изрече затворски казни од по три години и шест месеци

Пресудата денеска ја изрече судечки совет на чело со судијката Марија Клетничка-Марковска, која им изрече исти казни како и во март 2020 година.

Пресуда не е правосилна и странките имаат право на жалба до Апелација, потврдуваат од Основниот кривичен суд.

Во март 2020 година Основниот кривичен суд обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими, ги прогласи за виновни за уништување на изборен материјал во локалните избори во Општина Чаир, во 2013 година и го осуди по три години и шест месеци затвор.

При објавување на пресудата тогаш судијката Марија Клетничка-Марковска, рече дека обвинетиот Гури е виновни затоа што за време на локалните избори во општина Чаир, во 2013 година, заедно со сведоците Блерим Мухаџери и Ќани Точи ги преправале записниците од гласањето.

Додека обвинетитот Алими, е виновен зашто преземал противзаконски дејствија за уништување на изборен материјал. Воедно, судијката истакна дека застапникот на обвинението имаше право да одлучи кој ќе биде опфатен со обвинението, односно лицата Мухаџери и Точи во овој предмет биле презентирани како сведоци.

Во јули 2021 година Апелациониот суд Скопје ги уважи жалбите на обвинетите Исмет Гури и Ејуп Алими и ја укина првостепената пресуда за „Титаник 3“.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во Кривичен рочишта за „Траекторија“, „Триста“ на СЈО и за убиството на Саздовски

Редакција

Фетаи и Раичевиќ отпаднаа, Коцевски остана во игра да биде нов државен јавен обвинител

Редакција

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Редакција