еМагазин
Image default
Македонија

Кој е Никита Шекутковски, еден од кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата

Професорот Никита Шекутковски е еден од деветте кандидати за претседател на државата од ВМРО-ДПМНЕ, кој се јавил на огласот на партијата.

Кој е Шекутковски?

Роден е во Скопје на 19 септември 1956 година.

Основно и средно училиште завршил во Скопје.

Во учебната 1975/76 година ги започнал студиите по математика на Природно-математичкиот факултет (ПМФ) во Скопје.

Дипломирал во 1979 година.

Во март 1980 година се вработил на тогашниот Математички факултет.

Магистрирал во Скопје, во 1983 година, со магистерскиот труд “Алгебарски инваријанти во теоријата на права хомотопија”.

Докторската дисертација со наслов “Кохерентни инверзни системи и теорија на јак облик” ја одбранил во јули 1986 година на Свеучилиштето во Загреб.

Во 1987 година е избран за доцент, во 1993 за вонреден професор и во 1998 година за редовен професор на Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Раководител е на Институтот за математика на ПМФ во периодот 1997 -1999 и 2005 – 2007 година.

Во периодот 2001-2003 година бил раководител на Заводот за применета математика, а од 2007 – 2009 година раководител на Заводот за Топологја.

Од септември.2009 година е раководител на Институтот за математика.

Има објавено над 34 труда од областа на топологија, посебно теорија на облици, кохерентност, права хомотопија, краеви, и во последните години внатрешмиот приод во теорија на облици и динамички системи.

Од 2001 година до сега е главен и одговорен уредник на списанието Годишен зборник на Институтот за математика.

Од 2006 година, е главен и одговорен уредник на списанието за популаризација на математиката Нумерус во издание на Сојузот на математичарите на Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Силјановска со видео и објаснува на јавноста зошто се кандидирала за претседател на државата

Гордана Силјановска влегува во трката за претседател: Кои се другите кандидати од ВМРО-ДПМНЕ

Студентите ја обожаваат: Која е Гордана Силјановска-Давкова, можен кандидат за претседател на државата

Фото: ПМФ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СДСМ бара нов предлог за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот

Редакција

Убиецот на Македонецот во Сончев Брег имал криминално досие и му украл пари: Детали за убиството

Редакција

Каракачанов: Македонците влегоа во НАТО и продолжија со политиката „и по Тито, Тито“

Редакција