еМагазин
Image default
Македонија

СДСМ бара нов предлог за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ останува на истиот

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски денеска соопшти дека консултациите со власта за кандидатите во техничката влада траат, но не кажа дали имало телефонски разговор помеѓу премиерот, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по нивната синоќешна средба за кандидатот од опозициската партија за технички министер за внатрешни работи, што за власта беше спорен.

Одговарајќи на новинарски прашања на прес-конференција, Стоилковски рече дека кога ќе имаат конктретни резултати ќе ги соопштат и ја повика власта да не ги одложува работите, порачувајќи и дека со тоа нема да се одложат изборите и, како што вели, изборниот пораз.

– Нема да влезам во уставни толкувања. Поставен е предлог. Тоа што бараме и тоа што повикуваме е да не се одложуваат работите, да не се кочи професионалец, предлог којшто би требало да влезе на местото технички министер во Министерството за внатреши работи, рече Стоилковски, прашан за коментар на ставовите на експертите дека нивниот предлог е противуставен.

Прашан како ќе се одвиваат консултациите по синоќешната средба Заев – Мицкоски,  Стоилковски рече дека тие траат цел ден, посочувајќи дека може да продолжат и утре.

Од СДСМ сметаат дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат.

„После отворањето на дебатата во јавноста, јасно е дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ е спротивен на Уставот и затоа партијата треба да предложи друг кандидат за министер за внатрешни работи.

Уставот е јасен, согласно членот 97, лице кое раководи со МВР или со Министерството за одбрана треба да биде цивилно лице најмалку три години пред изборот на таа функција.

Во членот 2 од Законот за полиција се прави јасна разлика помеѓу униформиран и неуниформиран припадник на полицијата, што значи дека униформираните вработени не можат да бидат избрани за министри, и тоа е исто и во двете министерства“, се вели во соопштението на СДСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дескоска смета дека предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за технички министер за внатрешни работи е противуставен

Кој е Драган Ковачки кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за технички министер за внатрешни работи

Постои уставна пречка за кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки да биде технички министер за внатрешни работи?

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Германскиот парламент го ратификува македонското членство во НАТО, „жолчна“ расправа и за ЕУ

Редакција

Поднесено обвинение против три лица за убиство на ракометарот Денис Тот

Редакција

Најважен сојузник на Македонија е Србија, најголема закана Бугарија: Истражување на ИРИ

Редакција