еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Фетаи и Раичевиќ отпаднаа, Коцевски остана во игра да биде нов државен јавен обвинител

Советот на јавни обвинители денеска едногласно даде позитивно мислење за кандидатот Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител.

Кандидатката Лидија Раичевиќ не доби позитивно мислење од Советот, додека за Фатиме Фетаи не се расправаше, поради нецелосно доставена документација.

На огласот за нов државен јавен обвинител беа пријавени тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство.

Собранието го објави огласот за наследник на Љубомир Јовески на 29. ноември годинава.

На Јовески мандатот му заврши на 25. декември, а Советот на јавни обвинители на седница минатата недела ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на дожноста до завршување на изборот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Соња Симовска, која е избрана за в.д. јавен обвинител на Јавното обвинителство

Каков имот пријавил Јовески, на кој му заврши мандатот како јавен обвинител

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР купува спортска опрема за специјалната полиција за 11,6 милиони денари

Редакција

Алсат М: И двајца полицајци меѓу настраданите во несреќата во Бугарија

Редакција

„Черешна се од корен корнеше, Бетка од чантичињата не се делеше“: Твитер реакции за отфрлувањето на кривичната за Канческа-Милевска

Редакција