еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Осум лица, кои дошле со две возила, влегле вчера без дозвола во зградата на Македонска навигација (М-НАВ) и нападнале вработени во Контрола на летање. Нападнатите биле од албанска припадност, објавија медиумите.

Од Министерството за внатрешни работи доцна синоќа информираа дека четири од нив биле приведни, а по четири се трага.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контролорите на летање бараат полицијата да ги чува, ако директорите на М-НАВ не поднесат оставки на 10. јануари се затвора воздушниот простор

МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица

Од таму потврдија и дека биле нападнати тројца вработени во Контрола на летање.

Порталот Сакам да кажам објави дека Беким Незири, кадар на ДУИ, вработен во М-НАВ, ги предводел напаѓачите, кои со него без проблем ги поминале трите бариери на обезбедувањето.

Незири претходно беше на неколку високи политички функции, меѓу кои и министер за економија во Владата на Никола Груевски.

Според СДК, Незири ги внел насилниците директно во радарската соба, отворајќи им со неговата електронска картичка. Таму се случил физички напад на дел од вработените, бидејќи дале подршка на Синдикатот на контролорите на летање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Косово воведе задолжителен тест за Ковид-19 за граѓаните на Македонија, БиХ и Црна Гора

Редакција

Сите детали: Кој и како од денеска треба да се пријави за снабдување со струја од ЕСМ Продажба по поевтина цена

Редакција

Полни автобуси и авиони: За Велигден најмногу се патува во Грција, Италија, Истанбул, Крф

Редакција