еМагазин
Бизнис ТОП СТОРИИ

Сите детали: Кој и како од денеска треба да се пријави за снабдување со струја од ЕСМ Продажба по поевтина цена

АД ЕСМ ги подготви процедурите, договорите и придружните документите потребни за склучување договори за снабдување на дел од прехранбената индустрија, водостопанствата и јавните училишта, информираат од таму.

Истите се поставени на официјалната страна на АД ЕСМ од каде засегнатите субјекти ќе можат да ги симнат, пополнат и потпишат и да ги испратат на соодветните меил адреси кои се наведени во упатствата, како и во архивата на АД ЕСМ: [email protected], [email protected] и [email protected].

За снабдување од 01.12.2022, поради мрежните правила на ЕВН Електродиструбија за промена на снабдувач комплетните документи потребно е да се поднесат до 10.11.2022 година, додека за субјектите кои се на снабдувач во краен случај, рокот е 20.11.2022 година.

Снабдувањето на овие потрошувачи АД ЕСМ ќе го прави преку ЕСМ Продажба, по одлука и задолжение од Владата, која го задолжи ЕСМ Продажба во текот на траењето на енергетската криза, до 30.4.2023 година да снабдува со електрична енергија неколку категории потрошувачи надвор од досегашната обврска по закон.

ЕСМ Продажба ќе ги снабдува со електрична енергија следните категории потрошувачи:

Прва категорија – Потрошувачи на електрична енергија, физички и правни лица регистрирани за вршење на приоритетна дејност-главна приходна шифра (само за потрошувачката на броилата за електрична енергија за извршување на приоритетната дејност) – по цена од 80 евра /MWh, и тоа:

– 01.47 oдгледување на живина

– 10.11 преработка и конзервирање на месо

– 10.12 преработка и конзервирање на живинско месо

– 10.13 производство на животинско и живинско месо

– 10.41 производство на масла и масти

– 10.51 преработка на млеко и производство на млечни производи

– 10.61 производство на мелнички производи

– 10.71 производство на леб; слатки (колачи и торти) во свежа состојба и бисквити (кекси), и

– 10.89 производство на останати преxранбени производи, неспомнати на друго место (само за производство на квасец) во услови на постоење на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија.

Втора категорија – Потрошувачи на електрична енергија, јавни претпријатија од областа на водостопанство, собирање и одведување на урбани отпадни води и прочистување на отпадни води кои работат со пумпни и/или пречистителни станици – по цена од 95 евра /MWh.

Трета категорија – Потрошувачи на електрична енергија, основни и средни јавни училишта – по цена од 95 евра /MWh.

Овие категории потрошувачи кои ќе сакаат да се префрлат на снабдување со електрична енергија од ЕСМ Продажба ќе треба да ги регулираат своите односи со нивните сегашни или досегашни снабдувачи, и АД ЕСМ тука нема никаква надлежност, вклученост и одговорност, односно тоа е однос меѓу трети страни.

Сите документи се веќе поставени на официјалната страница на АД ЕСМ, дадени се точни листи на потребни документи и точни упатства како да се постапи.

Документите се поставени на следниот линк: esm.com.mk.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Заман Македонија“ се откажа од владината субвенција: „Лудило е дека весникот има врска со воениот удар во Турција“

Редакција

Обвинителство ја прекинува соработката со Антикорупциска поради „шемата“ која ја обелодени за неуспешната конфискација на имотот на „Трансмет“

Редакција

Во годишниот извештај за Македонија, Европскиот парламент со амандмани против бугарските провокации

Редакција