еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Претседателот на Струковиот синдикат на контролори на летање (ССКЛ) Александар Тасевски, кој укажа на неправилности при вработувања во Македонска навигација (М-НАВ), доби кривична пријава од двајца, од тројцата директори на оваа Друштво во државна сопственост.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата следната недела ќе го разреши раководството на М-НАВ

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Станува збор за Фахрудин Хамиди и Фасим Деари, кои поднеле кривична пријава против него врз основа на мејл испратен од Тасевски, поради „наводно чувствување загрозеност на нивната животна сигурност“ по член 144 став два од Кривичниот законик.

Тасевски вели дека во мејлот нема ништо што асоцира на закани и живтозагрозувачки информации и рече дека тие всушност се исплашени за нивните фотелји.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контролорите на летање бараат полицијата да ги чува, ако директорите на М-НАВ не поднесат оставки на 10. јануари се затвора воздушниот простор

Кои се директорите?

Фахрудин Хамиди е претседател на Управниот одбор и извршен директор за воздухопловна навигација. Тој како што стои на официјалната страна на М-НАВ е избран на оваа функција од 30. октомври 2020 година.

Завршил студии на Универзитетот Donau во Кремс, Австрија и се стекнал со звањето магистер по деловна професионална администрација за авијација, како и на Факултетот за електротехника и информациски технологии, при Универзитет „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Тој е инжинер по електротехника.

Во неговата биографија стои дека има искуство од 25 години во воздухопловството.

Пред оваа функција од 2009 година бил раководител на Одделението за безбедност, квалитет и обезбедување.

За Хасим Деари, кој е член на Управниот одбор и извршен директор во СФРПРРИ, нема никакви податоци на официјалната страна на М-НАВ.

Третиот директор е Љубе Стаменковски, кој е член на Управниот одбор и извршен директор во СВТ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сертификатот за прележан Ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Одбраната на Јанева разочарана од пресудата, сметаат дека казната е превисока

Редакција

(Фото) Во Русија почнаа да апсаат и деца, бидејќи оставиле цвеќе пред Украинската амбасада

Редакција