еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата следната недела ќе го разреши раководството на М-НАВ

По укажувањето за бројни партиски вработувања во Друштвото во државна сопственост, Македонска навигација (М-НАВ), во неколку наврати, каде вчера имаше и напад на вработени во Контролата на летање, од страна на вработен во Друштвото и непознати лица, Владата за следната седница на 9. јануари најави разрешување на раководството и ревизија за досегашното работење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Контролорите на летање бараат полицијата да ги чува, ако директорите на М-НАВ не поднесат оставки на 10. јануари се затвора воздушниот простор

МВР потврди дека се нападнати тројца вработени во М-НАВ, ги нападнале вработен таму и непознати лица

Нападнати вработени во објектот на Контрола на летање

-На иницијатива на премиерот Димитар Ковачевски, во консултација со министерката за одбрана Славјанка Петровска и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, а согласно состојбите во М-НАВ, на следната седница на Владата, закажана за вторник, 09.01.2024 година, за решение на постоечката ситуација ќе бидат предложени и донесени неколку одлуки – целото раководство и сите членови на Управниот одбор да бидат разрешени, да се отвори итна постапка за избор на нови членови на раководство и Управниот одбор во јавен, транспарентен и законски пропишан процес, стои во соопштението.

Од Владата велат и дека Ковачевски ќе го повика Јавното обвинителство, Антикорупциската комисија, Државниот завод за ревизија, Финансиската полиција и меѓународните тела за контрола на авио- сообраќај да направат целосна ревизија на досегашното работење на М-НАВ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

По техничари и контролори на летови во М-НАВ ќе поднесат оставки, најави Тасевски, кој беше повикан во полиција поради поплаки од директорите

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата „Спид“ го доби тендерот на УЈП за привремени вработувања вреден 9,3 милиони денари

Редакција

(Галерија) Доделени наградите „Златно тркало 2023“

Редакција

Убава вест: 235 оздравени од Ковид-19

Редакција