еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник 2“ во кој е обвинет и Мијалков

Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за предметот „Титаник 2“ на Специјалното јавно обвинителство, што се однесува на изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Меѓу обвинетите е и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, кој се наоѓа во притвор во затворот „Шутка“, откако Судот му ореди 30-дневен притвор за случајот „Империја“.

Минатото рочиште беше одложено, а претседателот на судечкиот совет Огнен Ставрев и даде рок од три дена на одбраната да се изјасни дали некој од обвинетите ќе ги предложи за сведоци.

На почетокот на минатото рочиштето Ставрев ги извести присутните дека ги прифатил како сведоци Љупка Гугучевска, Адмир Шабани и Љубомир Атанасовски, и дека привремениот деловник го прифатил како материјален доказ.

Во „Титаник 2“ обвинети се лидерот на ДПА, Мендух Тачи, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, како и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Мијалков во притвор за „Империја“: Судот му го укина притворот за „Таргет-Тврдина“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во велешката болница двајца починати од Ковид-19

Редакција

11 лица биле на возраст од 30 до 49 години: За една недела 159 смртни случаи од Ковид-19

Редакција

Армија на Република Македонија стана Армија на Република Северна Македонија

Редакција