еМагазин
Image default
Македонија

Во велешката болница двајца починати од Ковид-19

Во велешката Општа болница со Ковид-19 вкупно хоспитализирани се 65 пациенти, од кои 11 се сместени на Oдделението за физикална медицина. Од нив пет се сомнителни, а останатите потврдени позитивни. Тројца пациенти се испишани со еден негативен тест како оздравени, a 20 пациенти се на кислородна поддршка, информира д-р Весна Неделковска Николова од велешката Општа болница.

На Интерното одделение во велешката Општа болница има двајца пациенти сомнителни на Ковид-19.

Вчера попладне и утрово во велешката болница од Ковид починаа двајца пациенти. Вчера попладне починала една 68-годишна жена од село Виничани, која била примена претходниот ден во тешка состојба со ниска сатурација.

Утринава починал и маж од Велес исто на 68 години примен пред три дена со нагло влошена состојба.

„Инаку во текот на вчерашниот ден во велешка болница била примена и итно транспортирана до клиниката „Жан Митрев“ во Скопје жена на 62 години потврдена позитивна со отежнато дишење и ниска сатурација“ ,информира д-р Неделковска Николова.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Редакција

Убава вест: Повеќе оздравени од новозаболени од Ковид-19, вкупно 460

Редакција

Шилегов трета година ги „отстранува“ галиите и спомениците: Сега предлага парк на оставштината на малиот диктатор во Ѓорче Петров

Редакција