еМагазин
Image default
Македонија

Шилегов трета година ги „отстранува“ галиите и спомениците: Сега предлага парк на оставштината на малиот диктатор во Ѓорче Петров

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов денеска одговарајќи на новинарски прашање рече дека неговиот став за дислоцирање на спомениците од „Скопје 2014“ не е променет и предлоижи статуите да се соберат во еден парк, кој би можел да се направи на местото на отстранетата дива депонија во Ѓорче Петров.

Тој ги повика и Министерството за култура и Општина Центар да работат заедно и координирано.

„Мора да бидеме внимателни, да не предизвикуваме нов револт во општеството. Македонското општество е сериозно поделено, треба да внимаваме и да покажеме меѓусебна почит независно од тоа дали му се допаѓа на некого или не.

Скопје не е град каков што е сега во центарот, ниту бил, ниту треба да биде, ниту ќе биде, но од друга страна, мораме да ги почитуваме да им овозможиме на некои луѓе кои сакаат, тоа да може и да го гледаат. Да не бидеме брутални во отстранувањето.

Тоа нешто го има направено Унгарија. Сите статуи на Сталин и обележја на комунизмот ги имаат ставено во еден парк, зошто да не го направиме и ние тоа со оставината од нашиот мал диктатор“, рече Шилегов мислејќи на експремиерот Никола Груевски.

Тој се осврна и на постапката за отстранување на галиите од реката Вардар.

„Во тек е жалбената судска постапка од страна на должниците за да знаеме на што сме кога се галиите во прашање, моето мислење е дека тие треба да се дислоцираат.

Создадени се правните услови и ние ја почнавме постапката преку надлежен извршител, но правата кои ги имаат странките во постапката не можеме и не треба да ги загрозуваме“, изјави Шилегов.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 70 заразени од корона вирусот: Жената од Дебар е во критична состојба

Редакција

Седум новопочинати од Ковид-19, вкупно 792

Редакција

Немам контакти со Жан Митрев, во болницата се направени три редовни и девет вонредни инспекциски надзори, вели Бухова

Редакција