еМагазин
Image default
Локално

Кривична пријава за двајца полицајци кои тепале затвореник во струмичкиот затвор

Секторот за внатрешни работи Струмица до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје, поднесе кривична пријава против П.П.(31) од село Василево и А.М.(25) од Струмица, двајцата полициски службеници, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело „малтретирање во вршење на службата“, казниво по член 143 од Кривичниот законик, соопштија попладнево од струмичката полиција.

Како што стои во соопштението, двајцата полицајци вчера околу 09:45 часот имале наредба да достават пресуда на осуденикот Ј.А., кој издржува казна во Затворот во Струмица.

Откако затвореникот почнал непристојно да се однесува кон нив, тие физички го нападнале во присуство на вработени во затворот и постапиле несовесно за време на вршењето на службата.

По пријавувањето на настанот полициски службеници од СВР Струмица во содејство со полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола презеле мерки за целосно расчистување на настанот.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Земјотрес почувствуван во Гевгелија

Редакција

(Видео) Дилер на кокаин баран од Интерпол, пронајден на Шапка со лажен идентитет

Редакција

Ја бодел со штрафцигер за да и украде пари и метадон

Редакција