еМагазин
Image default
Локално

Јавното обвинителство отвори предмет за момчето прободено со нож во Кавадарци

Основното јавно обвинителство од Кавадарци по допрен глас има отворено предмет и постапува во врска со настанот со прободено момче со нож во Кавадарци. Ова денеска го потврди Елизабета Недановска, портпарол во Републичкото јавно обвинителство.

Таа појасни дека се прибираат материјални и вербални докази од страна на МВР, по насоки на Јавното обвинителство, по што се очекува комплетираната кривична пријава да биде доставена до Одновното јавно обвинителство.

Како што информираше МИА во неделата, момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на клиника во Скопје.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош тогаш потврди дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и  во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во кавадаречката болница.

Доктор Благој  Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, за МИА тогаш појасни дека било  донесено момче родено 1994 година.

„Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2,5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на клиниката за торакална хирургија во Скопје“, рече Митев.

Момчето е надвор од животна опасност.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје

Две лица приведени откако момче беше прободено со нож во Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Почина Грк откако излетал со автомобил на патот Прилеп-Градско

Редакција

Скопјанец изел ќотек откако недолично се однесувал кон девојка

Редакција

(Вознемирувачко видео) Помор на кучиња во Пехчево, комуналните служби со багери ги собираат и фрлаат, закопуваат додека се уште живи!

Редакција