еМагазин
Image default
Локално

Две лица приведени откако момче беше прободено со нож во Кавадарци

По наредба на Јавното обвинителство, две лица се приведени и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, изјави за МИА Сузана Прањиќ Талевска, началник на Одделение за информации од јавен карактер при МВР, за случајот за кој МИА претходно информираше, дека момче од Кавадарци со две убодни рани од нож беше пренесено на клиника во Скопје.

Доктор Ратко Грков од Итната медицинска помош, потврди за МИА дека по повикот упатен до нив, на улица во градот затекнале момче со две убодни рани во седечка положба и во свесна состојба. По укажаната прва помош, момчето било пренесено во кавадаречката болница.

Доктор Благој  Митев, хирург на хируршкото одделение при кавадаречката болница, појасни дека ноќеска после полноќ, било донесено момче родено 1994 година.

-Момчето имаше две убодни рани од нож во пределот на лев рамен појас и во пределот на градниот кош, позади, под коската која народски се вика лопатка. Убодните рани беа со ширина од 2.5-3 сантиметри и длабочина од 4-5 сантиметри. Му дадовме прва помош и заради подетално согледување на состојбата го препративме на Клиниката за торакална хирургија во Скопје, рече Митев.

Дознаваме дека момчето е надвор од животна опасност.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Момче од Кавадарци со две убодни рани од нож пренесено на клиника во Скопје

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Полицајци одзеле пари од комар во угостителски објект во Мала Речица

Редакција

Прилепчанец со воздушна пушка пукал кон куче скитник, но го погодил братучедот во глава

Редакција

Започна едукативниот дел од проектот „Отвори очи и со памет! Во сообраќајот не си сам“

Редакција