еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Претседателот на Управниот одбор и извршен директор на М-НАВ, Фахрудин Хамиди гарантира дека по влегувањето на лица во објектот на Контрола на летање и нападот на вработените, безбедноста на авиосообраќајот никогаш, ниту била, ниту ќе биде загрозена.

Во однос на упадот на лица и нападот на контролори, тој изјави дека се случил немил настан.

„Тоа било мало кошкање. Кошкање има во секоја фирма,“ изјави Хамиди.

Тој не сака да даде оставка, бидејќи Владата најавила дека ќе го разреши раководството на М-НАВ.

„Ако сакаат, уште одма нека ме разрешат,“ додаде Хамиди.

Тој вели дека „го ценат трудот на експертите, знаат што значи кадар кој е многу важен за компанијата.“

„Овој Управен одбор и покрај тешката финансиска криза не запре со обуката на нови контролори за летање. На осум им дадовме договор на неопределено време. Имаме нов кадар, но и искусни кадри. За жал, цело време бевме атакувани од страна на синдикалецот Александар Тасевски.

Не сакавме да излеземе пред медиумите и можеби тука згрешивме. Тој перманентно не повредува сите нас и не не остава да работиме поради негови лични интереси. Репутацијата е доведена во прашање поради клевети дека ништо не чинело.

Безбедноста не е нарушена, ниту ќе биде нарушена. За жал, колегите излегоа зад него, иако добро ги разбирам, бидејќи на крајот ќе застанат зад него иако се замаени во случајов. Јас не ги оставам на цедило моите контролори.

Тасевски кажува за непотизам, за други работи. Тој е непотизам самиот, неговиот татко беше началник, истовремено беше вработен тој, а и брат му е вработен како контролор“, рече Хамиди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Контролорите на летање бараат полицијата да ги чува, ако директорите на М-НАВ не поднесат оставки на 10. јануари се затвора воздушниот простор

Владата следната недела ќе го разреши раководството на М-НАВ

Фото: М-НАВ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарското МНР и врачи протесна нота на македонската амбасадорка за инцидентот во Охрид

Редакција

Црн рекорд: Од Ковид-19 починаа 40 лица

Редакција

Бранимир Јовановиќ до Заев: Не да изрази жалење за интервјуто, туку да се извини

Редакција