еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Од ДУИ велат дека немаат ништо со упадот во Контрола за летање, и покрај тоа што во истиот е вмешан нивни функционер

Од владејачката ДУИ се оградија од нападот во Контролата на летање и покрај тоа што насилниците кои упаднаа во објектот на Македонска навигација (М-НАВ) ги донесе токму нивниот функционер Беким Незири, кој работи како советник во оваа Друштво во државна сопственост.

Во соопштението на партијата тој не е ниту спомнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Беким Незири од ДУИ ги внел лицата кои нападнаа вработени во Контролата на летање, четворица од нив се недостапни за полицијата

-Демократската унија за интеграција силно ја осудува секоја форма на насилство. Безбедноста на сите граѓани е најважна за нас.

Настаните во М-НАВ се вознемирувачки и од државните институции се третираат со најголема сериозност. Истражните органи мора одлучно да го расветлат случајот.

Инцидентот кој се обидува неправедно да и се припише на ДУИ, е резултат на нарушени и заладени односи меѓу колегите во работната средина и нема никаква врска со политичкo прашањe, а уште помалку со ДУИ.

Станува збор за несогласување меѓу колегите и во никој случај не треба неправедно да се меша партиска политика.

Ја осудуваме тенденцијата за постојано мешање на партиите во секоја приватна секојдневна работа.

Демократската унија за интеграција го повторува својот став за владеење на правото и тоа дека никој не е над законот, но воедно и се спротивставува на осудувањето и притисокот на јавноста врз институциите, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кошкање има во секоја фирма, вели директорот на М-НАВ за упадот во Контрола на летање и нема да поднесе оставка

Беким Незири на распит во полициска станица по упадот на лица во објектот на Контрола на летање

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Фото: ДУИ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Есенска модна инспирација: Каролина во боите на Mango

Редакција

„Тајните на Преспа“, „Во стапицата на Преспа“: Договорот за името осамна во грчките медиуми, 66% од Грците велат OXI

Редакција

Груевски демантира дека се „пазарел“ за измените на Кривичниот законик

Редакција