Вчера премиерот Зоран Заев имал средба со синот на бизнисменот Џорџ Сорос, Александар.
Јавноста за средбата дозна од твитот на Сорос јуниор, во кој пишува дека со Заев зборувале за економскиот потенцијал на земјата и регионална соработка.
„Одлично поминато време со премиерот Зоран Заев, разговаравме за неискористениот економски потенцијал на Северна Македонија и за зајакнување на регионалната соработка во корист на сите граѓани на Северна Македонија“, напиша тој на Твитер.
Great spending time with PM @Zoran_Zaev discussing North #Macedonia’s untapped economic potential and enhancing regional cooperation to benefit all N. Macedonian citizens! 🇲🇰 pic.twitter.com/zBT9HfDUin
— Alexander Soros, PhD (@AlexanderSoros) August 30, 2019
Фото: Влада/Сорос/Твитер