еМагазин
Image default
Македонија

Левицата поднесе кривична против Христијан Пендиков за повреда на угледот на Македонија

Левица поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство – Охрид против Христијан Пендиков во својство на генерален секретар на здружението „Цар Борис III”, информираат од таму.

Од партијата велат дека Пендиков, во интервју емитувано на 14 февруари 2023 година, на една од најгледаните телевизии во соседна странска држава, намерно дава лажни изјави и клевети кон македонскиот народ и Република Македонија. Имено, пријавениот во контроверзното интервју ги изнесува познатите негаторски тези на бугарскиот шовинизам дека: „Македонците и Бугарите се еден ист народ”.

Со ваквата изјава, како што велат од Левицата, Пендиков ја изложува на подбив Република Македонија, која е конституирана и постои како национална држава на македонскиот народ. Оваа изјава е дејство директно насочено кон разгорување национална омраза и нетрпеливост изложувајќи ја на подбив македонската националност и оспорувајќи ги нејзината посебност и самобитност.

„Пријавениот се товари дека извршил кривични дела: повреда на угледот на Републиката – казниво по чл. 178 од КЗ; излагање на подбив на македонскиот народ – казниво по чл. 179 од КЗ; предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа – казниво по член 319 став 1 од законот.

Доколку се утврди практика на несанкционирање, институционален молк и обвинителски патернализам на ваквото омаловажување и обезвреднување на основните вредноста на Република Македонија, идентитетски обележја на Македонците и чувствата на македонските Евреи, во пракса може да се предизвикаат сериозни и несогледливи штетни последици врз националните интереси и безбедноста во иднина“, велат од Левицата.

Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во првите два дена од пописот, попишани 136.773 лица, 41.478 домаќинства и 59.953 станови

Редакција

Детален преглед на состојбата по болниците во кои се лекуваат пациенти со Ковид-19

Редакција

Нови три случаи на коронавирусот во Малешевијата

Редакција