еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Внатрешната контрола на МВР констатиралa дека во Прилеп немало непрофесионално однесување

Во Полициската станица Прилеп, помошниот оперативен штаб и Републичкиот оперативен штаб локални избори 2021 нема регистрирано пријава од граѓанин или правен субјект дека во предизборниот период, денот на гласањето или во постизборниот период од страна на полициски службеници при преземање на службени дејства е постапувано незаконски или непрофесионално или на кој било начин е малтретиранo лице при вршење на служба, како што беше изнесено на прес конференција на ВМРО-ДПМНЕ, соопштија денеска од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди во МВР откако се извршени потребните проверки по наводите изнесени од политичката партија ВМРО-ДПМНЕ за планирано физичко малтретирање од страна на полициски службеници вработени во ОВР Прилеп.

– На денот на изборите, 17 октомври во Прилеп нема испратено возило на технички преглед, ниту пак е изречена санкција за сообраќаен прекршок, што исто така говори дека наведените дејствија, всушност не се случиле, стои во соопштението.

Се наведува дека МВР е гарант за слободно изразување на вољјата на гласачите на изборите од 2017 до денес и тоа ќе продолжи да биде и понатаму.

– Апелираме, ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири невистини, а граѓаните слободно да ја изразат својата волја во недела  на вториот круг од локалните избори, се вели во соопштението од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Обвинителството ги проверува наводите на ВМРО-ДПМНЕ за полициски закани, МВР врши внатрешна контрола

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Импресивна снимка од новиот автопат Миладиновци-Штип

Редакција

Тестирање со брзи антигенски тестови за Ковид-19 од денеска на шест пункта во Скопје

Редакција

Градоначалникот на Арачиново не е повреден, повредени се две лица кои биле со него: Детали од МВР

Редакција