еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата ги разреши државните правобранители за Струга и Скопје

На предлог на Државниот правобранител, односно Министерството за правда, на денешната седница на Владата се донесе одлука за разрешување на државните правобранители во подрачјата на Струга и Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата.

„Владата одлучи Мирко Велјаноски да го разреши од должноста државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето Струга, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител и Јане Јанкуловски од функцијата државен правобранител во Државното правобранителство за подрачјето на Скопје, поради нестручно и несовесно вршење на функцијата државен правобранител“, соопшти владината прес-служба.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Грипот се “врати“

Редакција

(Видео) Заев, Вучиќ и Рама од Охрид: Ќе изградиме поинаков Западен Балкан кој ќе биде фактор во Европа

Редакција

Убиецот се уште во бегство: Детали од Обвинителството за убиството во Мала Речица

Редакција