еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Владата го повлече својот првичен предлог Илир Мехмеди да е директор на М-НАВ, и го предложи Хекуран Асани

Владата на денешната седница му препорача на Надзорниот одбор на Акционерското друштво во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловна навигација, М-НАВ АД – Скопје да ги разреши Фахрудин Хамиди од должноста претседател на Управниот oдбор и извршен директор во СВН и Љубе Стаменковски од должноста член на Управниот одбор и извршен директор во СВТ.

Владата на Надзорниот одбор на М-НАВ му препорача на позицијата претседател на Управниот одбор и извршен директор во СВН да го именува Хекуран Асани, а за член на Управниот одбор и извршен директор во СВТ да го именува Милан Кораќ.

Владата го повлече првичниот предлог, на местото на Хамиди да дојде Илир Мехмеди, бидејќи тој не ги исполнувал условите за директор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Разрешени двајца од тројцата директори на М-НАВ

Владата ѝ препорача на Агенцијата за цивилно воздухопловство да продолжи со започнатите активности кои произлегуваат од спроведениот вонреден инспекциски надзор за утврдување на состојбите околу безбедноста и обезбедувањето на воздушниот сообраќај и за истото да го информира ресорното министерство и Владата.

Владата воедно го задолжи Инспекторатот за труд да изврши вонреден инспекциски надзор за работењето на синдикалните организации во рамки на М-НАВ и за истото да ја информира Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фахрудин Хамиди, директорот во М-НАВ, за кој упадот во Контролата на летање е кошкање помеѓу колеги

Кои се двајцата директори на М-НАВ, поради кои претседателот на синдикатот на контролори на летање беше викнат на сослушување во полиција

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Извршниот одбор на СДСМ вечерва ќе одлучува дали ќе има предвремени парламентарни избори

Редакција

Новороденче почина во битолската болница, министерот Меџити вели дека било родено со тахикардија и имало белодробно срцево осивување

Редакција

Градинките ќе се отворат на 9 септември

Редакција