еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Градинките ќе се отворат на 9 септември

Владата денеска на седница усвои Информација за повторно отворање на установите за згрижување и воспитание на деца – градинки/центри за ран детски развој за време на пандемија Ковид-19, кое е планирано од 9 септември 2020 година.

-Дотогаш градинките се должни да се подготват за работа. Владата им препорачува на сите единици на локална самоуправа кои се основачи на јавните установите за згрижување и воспитание деца да обезбедат дополнителен простор или адаптираат соодветен простор  за потребите на градинките доколку градинката има потреба за згрижување деца согласно Протоколот за активности во установите за згрижување и воспитување деца, како и да обезбедат потребен соодветен кадар за временски период до траењето на епидемијата со Ковид-19, доколку градинката има потреба по итни и неодложни работи за непречено функционирање, соопшти владината прес-служба.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Можно е корона вирусот да бил присутен кај нас многу порано од што се знае

Редакција

(Видео) СДСМ со ВМРО-методи: Полноќно сечење на зеленилото во Аеродром

Редакција

„Слушај сега да ти кажам еден виц за џандари…„: Твитер реакции за Јанакиески, кој полицијата го бараше дома, а тој е во Шутка

Редакција