еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Македонски средношколци ќе учествуваат на меѓународен натпревар во дизајнирање, тестирање и изработка на мини болид на Формула 1

Тимот AERTH Racing, од СУГС „Орце Николов” – Скопје ќе учествува на натпреварот F1 in Schools – World Finals во дизајнирање, тестирање и изработка на најбрз мини болид на Формула 1.

Се работи за натпревар во светски рамки кој оваа година ќе се одржи во Лондон во периодот од 9 – 15 јули во конкуренција на учесници од 50 земји од целиот свет.

„Ова е најголемиот СТЕМ натпревар на светот кој се одржува секоја година започнувајќи од 1999 година и ние како тим од средношколци досега сме први од Македонија кои земаат учество на натпреварот.

Нашиот тим се состои од пет членови, секој со своја улога и задачи: Марио Блажевски (тим лидер), Мирослав Мишоски (заменик лидер и 3Д дизајнер), Калин Јовановски (3Д дизајнер), Мила Перинска (дизајнер) и Никола Мишоски (задолжен за изготвување финансиски извештаи).

Главната цел на натпреварот е дизајнирање на најбрз 3D модел на мини болид (20 cm) на Формула 1, компјутерски симулации, изработка и тестирање на модели во аеродинамички воздушен тунел.

Со цел добивање на оптимален модел работиме заедно со тим од професори, асистенти и студенти од Машинскиот факултет во Скопје, а под менторство на проф. д-р Виктор Илиев, кој воедно е раководител на Лабораторијата за механика на флуиди каде што се изведуваат експерименталните испитувања на аеродинамичките карактеристики на моделот.

„За остварување на нашата цел за учество на натпреварот и желбата да се прикажеме во најдобро светло на меѓународната сцена потребно е да обезбедиме буџет за покривање на трошоци за котизација за учество, принтање на модели, принтање на финален модел на CNC машина, набавка на опрема потребна за финално тестирање на моделот, репрезентативни материјали, визи, патни трошоци и трошоци за сместување,“ велат од тимот за еМагазин.

Повеќе информации во врска натпреварот може да се најдат на веб-страницата www.f1inschools.com и на веб-страницата www.aerthracing.mk.

Фото: f1inschools.com

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Италија ќе ги врати на работа медицинските лица кои беа антиваксери

Редакција

Секој ден протести на Конфедерацијата на слободни синдикати од 16 до 17 часот: Се бара усогласување на платите со минималната

Редакција

Бугарскиот претседател Радев по средбата со Силва и Вархеји побара гаранции за бугарските национални интереси

Редакција