еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Над 70 илјади денари донирани за кампањата „Засади Воздух“ на Skopje Run 10K

Околу 2.000 тркачи излегоа на бул. Илинден во Скопје на Skopje Run 10K. На трката се срушија 3 рекорда и тоа државниот рекорд на 10 километри улична трка во машка категорија, државниот рекорд на 10 километри улична трка во женска категорија и рекордниот број на пријавени на Skopje Run 10К, докажувајќи дека здравјето и спортскиот начин на живеење се значајна цел во нашето општество.

Тоа не беа единствените пораки и голем број на луѓе ја покажаа својата хуманост вклучувајќи се и донирајќи за #ЗасадиВоздух. За кампањата беа собрани точно 76.440 денари. Со тие средства беа набавени 126 садници од повеќе видови и се пренесе дека свесноста за нашата екологија е голема и голем број на луѓе се грижат за подобра животна средина.

„Апсолутно среќни и горди на секој еден од Вас кој преку купување маичка од трката или независно од тоа, во кутиите за донација даде свој придонес за нашата мини акција за собирање средства за купување дрвца за пошумување.

Иако е само мал чекор од наша и Ваша страна, секое дрвце се брои. Ова најдобро го знаат тркачите и атлетичарите кои тренираат секојдневно надвор, на отворено, без оглед на условите“, рекоа од тимот на Skopje Run 10K, Сојуз на спортови на Скопје, и со многу емоција ја пренесоа својата благодарност кон сите кои помогнаа.

Skopje Run 10К, ЈП Паркови и зеленило и Град Скопје денес ги посадија садниците од #ЗасадиВоздух.Акциите ќе продолжат и во иднина.

КОМЕРЦИЈАЛНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Светот има две опции – пакт за климатска солидарност или пакт за колективно самоубиство, предупреди Гутереш

Редакција

(Галерија) Европските амбасадори во Македонија ни го чистеа ѓубрето

Редакција

УСЈЕ ги поканува невладините организации и сите заинтересирани граѓани да ја посетат компанијата на 18 декември 2019

Редакција