СВР Скопје-Единица за економски и компјутерски криминал до надлежното ОЈО поднесе кривична пријава против А.С.(23) од Скопје заради постоење основано сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „Затајување“ предвидено и казниво по чл.239 од КЗ, информира МВР.
„Имено, пријавениот А.С. како вработено лице во правно лице за приредување игри на среќа, на работна позиција „оператор” , во текот на октомври 2020 година, во повеќе наврати затаил парични средства кои му биле доверени во врска со неговата работа, на начин што задржал за себе тикети и за истите не извршил уплата на парични средства во касата во износ од 95.000 денари, оставајќи ја благајната на уплатно- исплатното место во кусок, со што го оштетил правното лице во кое што бил вработен за 95.000 денари“, соопшти МВР.