еМагазин
Image default
Бизнис

Народна банка: Девизните резерви месецов со раст од 603,8 милиони евра и ќе продолжат да растат

Девизните резерви на земјава од почетокот на месецов бележат раст од 603,8 милиони евра и според Народната банка тие во изминатиот период достигнале историски највисоко ниво и се очекува нивен натамошен раст.

– Високото ниво на девизните резерви од над три милијарди евра, не само што е соодветно за одржување на стабилен курс на денарот, туку како што веќе и имаме посочено, тоа е двојно повисоко во однос на 2008 година, кога како централна банка успешно одговоривме на предизвиците од тогашната глобална економска и финансиска криза, наведуваат од Народната банка и додаваат дека тие се клучни за гаранција на стабилноста на девизниот курс на домашната валута.

Потсетуваат дека Народната банка има и низа инструменти што се дополнителна гаранција за стабилноста на девизниот курс на денарот во однос на еврото.

– Со најновите проекции на Народната банка, во претстојниот период се очекува натамошен раст на девизните резерви. И во проекциите на сите релевантни меѓународни институции се посочува дека нивото на девизните резерви на нашата земја е и ќе остане адекватно и дека на ниту еден начин нема да биде загрозена стабилноста на денарот.

Неодамна, во текот на мај, двете најугледни светски агенции за кредитен рејтинг – „Стандард и Пурс“ и „Фич„, во основа задржувајќи го досегашниот кредитен рејтинг на земјата, истовремено потврдија и дека нема опасности за стабилноста на девизниот курс на нашата домашна валута, истакнуваат од Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

По само еден месец работа, Мтел го регистрира својот 500 корисник

Редакција

Дирекцијата за заштита и спасување вработува седум лица, плата до 28.444 денари

Редакција

Цената на горивата останува непроменета

Редакција