еМагазин
Image default
Бизнис

По само еден месец работа, Мтел го регистрира својот 500 корисник

Новиот македонски телекомуникациски оператор, Мтел, членка на Телеком Србија групацијата деновиве го одбележа својот 500 претплатник на mSAT TV сателитската телевизија, информираат од компанијата.

Јубилејниот корисник е семејство од Чучер Сандево, Скопје кое покрај тоа што станаа корисници во рамки на промотивната понуда со 50 отсто намалена претплатата во првите 12 месеци од користењето на услугата, добија и посебно изненадување.

„Навистина сме среќни што за толку кратко време, за само еден месец работа успеавме нашата услуга да ја споделиме со 500 корисници. Поради тоа одлучивме нашиот 500 корисник да го наградиме со HiFi аудио систем со кој што ќе може уште повеќе да ужива во ексклузивните содржини кои што mSAT TV ги нуди,“ вели генералниот директор на Мтел, Марко Лопичиќ.

Сателитската телевизија на Мтел е вистински избор за секој вљубеник во квалитетната телевизиска програма, велат од компанијата.

Пакетите на mSAT TV вклучуваат избор од над 140 телевизиски канали со ексклузивна содржина вклучувајќи ги спортските канали Арена Премиум, НБА каналот, филмските Суперстар канали на кои што се прикажуваат светски, европски и регионални хит серии и филмови.

Покрај ова, достапни се и по голем број на колажни, документарни, музички и детски канали.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините поскапуваат за денар и половина, а дизелот за еден денар

Редакција

Финансиска полиција: Изјавата на Муареми не се однесува на сегашни случувања кај банките

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Флекс повер“ вреден 1,5 милион евра

Редакција