еМагазин
Image default
Македонија

Нема поместување на зимскиот распуст, состојбата со Ковид-19 во училиштата е стабилна, вели Царовска

Тринеделниот зимскиот распуст ќе биде во редовниот период, согласно календарот на Министерството за образование и наука (МОН), нема потреба од негово поместување зашто состојбата со Ковид-19 и натаму е стабилна.

Министерката за образование на наука, Мила Царовска изјави дека доколку состојбата драстично се промени поради ризикот со омикрон и ако во други сектори се донесат други, како што рече, драстични мерки за ограничување, МОН тогаш има одговорност да ги разгледа тие факти и аргументи и заедно со Комисијата за заразни болести ќе донесе одлуки што ќе бидат во интерес на учениците и на заштита на јавното здравје.

Во изјава за медиумите Царовска истакна дека наставата со физичко присуство, која се спроведува од септември како најпосакувано од трите подготвени сценарија, покажува одлични резултати.

– Се почитуваат протоколите, се штити јавното здравје, а учениците имаат соодветни услови за учење во училиштата. Скринингот направен од Министетството за здравство покажа дека состојбата е стабилна.

МОН дневно од сите училишта собира податоци и процентот на нови позитивни случаи не се зголемува повеќе од 0,3, а во последните недели не е ни повеќе од 0,02 проценти.

Вкупно, во еден момент, активни случаи со Ковид-19 кај ученици со физичко присуство во училиштата никогаш не надмина 0,3 проценти. Ова укажува на стабилност на состојбата и дека највисок интерес на децата во моментот е да бидат во училиште, додаде министерката Царовска одговарајќи на новинарски прашања.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 77: Четворица новопочинати од коронавирусот во Македонија

Редакција

Плата над 31 илјада денари плус додаток за станбено обезбедување: Објавен оглас за прием на 150 професионални војници

Редакција

Осма жртва од експлозијата во Романовце, почина 10-годишното дете

Редакција