еМагазин
Image default
Бизнис

Народната банка апелира нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти

Народната банка денеска преку соопштение ги повика сите субјекти да ги почитуваат нејзината самостојност и независност и нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти.

– Народната банка е институција со уставно и законски гарантирана самостојност и независност, којашто при остварување на своите законски утврдени цели и задачи се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните, се вели во соопштениот од Кабинетот на гувернерката на Народната банка.

Во соопштението се нагласува дека токму ваквата независност и професионалноста во остварувањето на целите и задачите на Народната банка е она што со години наназад ги гарантира одржувањето на стабилноста на денарот, банкарскиот систем, односно финансиската и севкупната макроекономска стабилност.

– Оттаму, повикуваме сите субјекти да ги почитуваат самостојноста и независноста на Народната банка и нејзините одлуки да не се ставаат во политички контексти, се додава во соопштението на Народната банка.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бислимоски: Не постои нова давачка, отсекогаш се плаќала мрежарина за потрошена електрична енергија

Редакција

Квалитетот на градежните материјали и начинот на нивната употреба влијаат на безбедноста на градбите

Редакција

Нови огласи: Над 3 хектари државно земјиште им се ставаат на располагање на земјоделците

Редакција