еМагазин
Image default
Забава

(Галерија) Стефанија Насеска ја престави колекцијата „The Great“, инспирирана од Александар Македонски

Македонската модна дизајнерка Стефанија Насеска синоќа на Скопскиот Моден Фестивал во Скопје Сити Мол ја претстави колекцијата за пролет-лето 2022 насловена како „The Great“ инспирирана од Александар Македонски и целосно модно преведена и прилагодена на современите модни трендови.

– Оваа колекција е со посебно значење за мене бидејќи го одбележува десет годишниот јубилеј од прикажувањето на мојата прва самостојна колекција. И токму поради тоа изборот за инспирација паѓа на лик кој според мене претставува моќ, вели таа.

Колекцијата претставува восхит кон ликот и приказ на космополитски залагања и погледи на Големиот Александар кон светот, а поради јубилејната десетка во оваа колекција има елементи од секоја претходна.

– Доколку ме запрашате зошто токму Александар и таква скокотлива тема ќе одговорам дека уметноста и креативноста не препознаваат граници и според мене тој е лик со кој треба да се гордее цел Балкан. Прифаќање и почит кон различностите тоа е она кое нас како луѓе не прави големи или The Great, додава дизајнерката Насеска.

Токму тоа и го асоцира различноста и шаренилото на материјалите кои се инспирирани од античките мозаици. Како детали се среќаваат лавот и сонцето, а исто така и преовладува белата боја, овие и многу други елементи се заштитни симболи на античкото македонско кралско семејство.

– Дури и панделките во колекцијата не се ставени случајно, туку тоа е моден превод на тројните-дупли секири кои се симбол за авторитет. За колекцијата концептуално да биде издржана изработив ташни во форма на штитови со утре модерен „patchwork“ дизајн и шлемови во форма на лавовска глави, појаснува модната дизајнерка.

Колекцијата доживеа едно фантастично промовирање на првата сезона од Скопскиот Моден Фестивал и ќе биде достапна во showroom-от на приземје во Скопје Сити Мол започнувајќи од вечерва 07ми март од 19 часот па се до 27ми март.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) На врвот на Пелистер заврши настанот „Зимска приказна“ во Битола

Редакција

Целосна програма за ВиноСкоп 2023: Елена Ристеска, Куку Леле, Фолтин, Љубојна и Пајак на фестивалот на виното

Редакција

(Видео) Како „главните виновници“ за „Медена земја“ ја дочекаа веста за номинациите за „Оскар“

Редакција