еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Наташа Габер-Дамјановска реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители 

Наташа Габер-Дамјановска е реизбрана за директор на Академијата за судии и јавни обвинители (АСЈО).

Габер-Дамјановска беше избрана со осум гласа за и еден воздржан на денешната седница на Управниот одбор на Академијата.

Во трка за директор на Академијата беа уште тројца кандидати, судиите Ненад Савески, кој доби три гласа за, пет против и еден воздржан и судијата Андреј Димовски за кого имаше девет гласа против.

За судијката Емилија Шопар-Јованова не се гласаше, поради неисполнување на условите.

Ова е втор четиригодишен мандат на Габер-Дамјановска. Таа е поранешна уставна судијка и директорка на Институтот за социолошки и политички правни истражувања, а за директор на Академијата прв пат беше избрана во ноември 2018 година.

Согласно Законот за Академијата за судии и јавни обвинители директорката Наташа Габер својата функција ја извршуваше до 30 ноември 2022 година, а Управниот одбор на Академијата, кој ден претходно ја одржа конститутивната седница го назначи Зоран Герасимовски, член на Управниот одбор за вршител на должноста директор на АСЈО, кој пак пет дена подоцна си даде неотповиклива оставката од лични причини.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По реакцијата на Антикорупциска, Зоран Герасимоски поднесе оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

Управниот одбор на 188 седница на 5 декември донесе одлука со која за в.д. директор на Академијата го именува Бесир Алиу, член на Управниот одбор на Академијата и јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Тетово.

МИА/Фото: Радио Слободна Европа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За Русија станавме Северна Македонија

Редакција

(Мапа) Штип останува на врвот: Во кои градови има најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители

Редакција

(Фото) Кога Французин ја сака Македонија: Заљубен е во Охрид, доаѓа кон крајот на летото и го чисти езерото

Редакција