еМагазин
Image default
Бизнис

Не очекуваме позначителни ефекти за домашниот платен промет, од исклучување на дел од руските банки од Свифт, вели гувернерката Ангеловска-Бежовска

Не очекуваме позначителни ефекти од исклучувањето на дел од руските банки од Свифт системот, односно меѓународна платформа за брзо и ефикасно извршување на плаќањата.

Сите руски банки не се исклучени од Свифт, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата.

Исто така, финансиските обврски и финансиските побарувања кон овие две земји се помалку од 1% од вкупните финансиски средства и обврски, посочува гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во гостување во вестите на ТВ24.

„Во неколку наврати јасно посочивме на малата трговска и финансиска интегрираност со двете економии. Трговската размена со овие две економии учествува со само два проценти во вкупната трговска размена, а кај финансиските текови поврзаноста е уште помала.

Поаѓајќи од овој контекст, јасно е дека ние не би имале позначајни директни ефекти, вклучително и преку санкциите коишто тековно се изрекуваат“, вели Ангеловска-Бежоска.

Таа наведува неколку причини зошто не се очекуваат посериозни ефекти од санкцијата со која се предвидува исклучување на дел од банките од Свифт платформата.

„Странските директни инвестиции од овие две економии учествуваат со само 0,5% во вкупните, но не се присутни во сферата на банкарскиот систем. Во овие околности, ова е предност за нашиот банкарски систем, за разлика од други економии во нашето соседство, каде има присуство на руски банки и коишто се соочуваат со одредени потешкотии поради новонастанатата состојба.

Исто така, она што е важно да се потенцира во делот на платниот промет, во основа не се исклучени сите руски банки, а исто така постојат и други алтернативни платформи коишто можат да се користат за извршување на плаќањата.

Оттаму, би посочила дека не гледаме ризици за нашиот банкарски систем и погенерално за финансискиот систем, со оглед на минималните или непостоечки врски со финансиските системи на економиите на Русија и Украина,“ вели гувернерката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Виза и Мастеркард ги блокираа картичките на санкциониарните руски банки

ЕУ исклучи седум руски банки од платежниот систем Свифт

Фото: НБ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уставниот суд поведе постапка за работното време на работниците ангажирани за градење на коридорите 8 и 10

Редакција

ЈП за државни патишта вработува 84 инкасанти на патарина, плата до 19.760 денари

Редакција

„Пуцко петрол“ го доби тендерот на ПИОМ за набавка на масло за горење „тежок“ 39.000 евра

Редакција