еМагазин
Image default
Македонија

Нема македонски универзитет во првите илјада рангирани на Шангајската листа 2022

На најновото рангирање на универзитетите во светот во 2022 година на Шангајската листа, во првите сто се 39 од Соединетите Американски Држави.

Прв на листата е Универзитетот Харвард и, освен два британски – Универзитетот Кембриџ на четврто место и Оксфордскиот на седмо, првите 15 места на листата ги држат американски универзитети.

Кина има девет универзитети рангирани во првите сто, Германија четири, а меѓу стоте најдобри се и универзитети од Франција, Шведска, Данска, Швајцарија, Израел, Јапонија, Австралија, Канада…

Земјите од регионот имаат универзитети рангирани во првите илјада на листата – во рангот универзитети меѓу 301 и 400 место е универзитет во Атина, универзитетите во Белград, Загреб и Љубљана се од 401 до 500 место, а со ранг меѓу 901 и 1.000 место е Универзитетот во Нови Сад.

На листата нема рангиран универзитет од Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Претрес во Управата за финансиска полиција

Редакција

Обвинителството го повлече предлогот за притвор за вработениот во тајната служба, АНБ

Редакција

Прекината расправата за пописот

Редакција