еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ние не преговараме со Бугарија, туку со ЕУ, вели Ковачевски за најавата на Радев дека Бугарија ќе активирала европски механизми

За најавата на бугарскиот претседател Румен Радев дека Бугарија ќе ги активирала сите европски механизми за да се спречи “антибугарската омраза и хистерија“ во Македонија, премиерот Димитар Ковачевски денеска изјави дека ние преговараме со Европската Унија, а не со Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Радев се закани дека Бугарија ќе активирала европски механизми за „антибугарската омраза и хистерија“ во Македонија

„Откако ќе заврши скрининг-процесот, се добива извештај кој ги содржи критериумите според кои државата пристапува во ЕУ. Значи, ние не преговараме со Бугарија, ние преговараме со ЕУ.

Еден од основите услови за приклучување кон ЕУ се добрососедски односи, а тоа значи институциите да комуницираат на начин кој е достоинствен и да има функционална комуникација меѓу двете држави.

Сите оние што не сакаат да ја видат Северна Македонија како членка на ЕУ и прават провокации, ги прават од тие причини. Такви има во нашата држава, меѓутоа такви има и во Бугарија“, изјави Ковачевски.

Додаде дека Македонија има изградено механизми на заштита на правата на помалите заедници и унапредувањето на нивните права на највисоко ниво во Европа.

„Како држава сме изградиле механизми на највисоко ниво во Европа, не верувам дека во Европа постои држава која ги има изградено механизмите како институционални, така законски и процедурални во однос на заштитата на правата на помалите заедници и унапредувањето на нивните права и како такви сме позитивен пример.

Тоа значи дека секој граѓанин, без разлика на неговата припадност по било која основа ги ужива истите права“, рече Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање да даде коментар за изјавата на Радев.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ОБСЕ/ОДИХР го почна мониторингот на референдумскиот процес, ќе испрати 270 набљудувачи

Редакција

Од понеделник со 4.000 вакцини ќе се вакцинираат вработени во МВР, АРМ, новинари, пожарникари, возачи, воспитувачи

Редакција

Едно лице од ранетите во вчерашната престрелка во Цетиње е во животна опасност

Редакција