еМагазин
Бизнис

Николаос Воудоурис нов Претседател на УО на „Жито Лукс“

После долги години успешно работење и предводење на тимот на Жито Лукс, Рамантанис Димостенис одлучи да се повлече од позицијата Претседател на управниот одбор и генерален директор на друштвото, соопшти компанијата преку Македонската берза.

„Согласно Решение од Централниот регистaр од 11/09/2018, Николаос Воудоурис е именуван за нов Претседател на Управниот одбор и генерален директор на Жито Лукс АД Скопје.

Тој има долгогодишно искуство во менаџерскиот тим на матичната компанија Елбиско, Грција, извршувајќи ја функцијата главен оперативен директор“, соопшти компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Уште една компанија треба да плати солидарен данок, кај осум се спровела присилна наплата

Редакција

Ќе воведе ли Македонија реципрочни мерки кон Косово: Најпогоден ќе биде извозот на доматите, пиперките и сливите

Редакција

Светска банка: Потребно е ограничување на трошоците и сеопфатна реформа на администрацијата

Редакција