За в.д. директор НУ Театар Комедија е назначена Нора Шаќири Марковиќ, информира Министерството за култура
Таа доаѓа на местото на Сашо Ристовски, кој е разрешен од функцијата директор на НУ Театар Комедија поради неправилности во работењето, утврдени од вонредниот инспекциски надзор од Министерството за култура.
„Утврдено е дека директорот на театарот презел обврски над одобрените средства од Министерството за култура во вкупен износ од 8.734 486 денари без притоа истите да ги обезбеди од други извори.
Со тоа е сторена повреда на чл.70 а, став 4 од Законот за култура“, соопшти Министерството.
Фото: Фејсбук/Шаќири
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.