еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Скандалозен предизборен спот на бугарскиот европратеник Џамбаски: „Македонија е бугарска, а Скопје и Охрид бугарски градови“

„Македонија е бугарска, а Бугарија е над се“, е насловот на скандалозниот предизборен спот на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски од партијата ВМРО-БНД на вицепремиерот и министер за одбрана, Красимир Каракачанов.

„Има каузи кои се поголеми од секој и од се. Од каква било политичка ситница. Поголеми од која било актуелна политичка тема. Драги, велам „драги‘ од воспитување, привремени владетели на нашата, на мојата Македонија – не можете да живеете во 21. век без да го признаете 20. век.

Колку повеќе лажете, толку повеќе вистината ќе сјае. Колку пожестоко ја измислувате својата лажна приказна, толку посилно ќе се срушат лажните темели врз кои сте ја граделе својата мизерна сегашност.

Колку повеќе хистерично ја мразите Софија, толку повеќе Охрид останува бугарски. Колку погласно ги кажувате вашите лаги, толку побрз и пострашен ќе биде вашиот крај“, вели Џамбаски во обраќањето, а во позадина има кадри од Скопје и Охрид, кои тој ги нарекува бугарски градови.

Тој му се обраќа и на премиерот Зоран Заев, до кого упатува порака „колку и да се вртиш, Македонија е бугарска. И колку и да се вртиш, Албанија секогаш ќе биде од запад“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МНР преку амбасадата во Софија упати протестна нота за видеото на бугарскиот европратеник Џамбаски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео+фото) Најмалку 32 загинати во судир на товарен и патнички воз во Грција

Редакција

Кој ја реконструира Универзална сала, која се запали

Редакција

Дејан Давидовски, осомничен за „27 април“, со бугарски пасош, уапсен во Шведска

Редакција