еМагазин
Image default
Забава

Ношпал ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата

Е-продавницата Митра и реномираниот моден дизајнер Александар Ношпал лансираат заедничка колекција под името „Ношпал Митра Limited Edition“ која ќе биде достапна ексклузивно на веб-страницата на продавницата.

После долги години работа во театрите и балетите низ земјата и во странство, Ношпал се прилагодува на промените и ѝ се враќа на „ready-to-wear“ модата, креирајќи мини колекција во соработка со онлајн продавницата. За Митра, ова значи создавање на првиот сопствен бренд.

Колекцијата „Ношпал Митра Limited Edition“ содржи парчиња облека кои следат форми на убедливи, шарени ткаенини, смели координати и неограничени силуети, како и еднобојни максималистички форми.

Чувствувајќи се ослободено, Ношпал се навраќа кон основната убавина и изразот на индивидуалност, создавајќи колекција која се разликува од неодамнешните негови креации, но која дефинитивно ја следи неговата уникатна визија.

„Колекцијата е настаната во време кога целата модна индустрија ги затвора своите врати, a претставува искра надеж за сите креативци во светот и е посветување на глобалната интеграција во борба за зачувување на човекот, негова адаптација и интеграција кон природата.

Колекцијата ја содржи европската елеганција, афричката лежернoст и јапонскиот минимализам. Адаптипилна лелеаав и комотна. Едноставна… како што треба да продолжи да биде и нашиот живот“, вели Ношпал.

Проектот „Ношпал Митра Limited Edition“ доаѓа како одговор на глобалната здравствена и економска криза и нејзиното масивно влијание врз модната индустрија. Во време во кое индустријата се соочува со големи загуби, Митра и Ношпал се прилагодуваат на промените, создавајќи колекција која е лимитирана и позиционирана стриктно на е-пазарот.

„Ношпал Митра Limited Edition“ е штедлив и одржлив проект. Парчињата облека ќе бидат со исклучително висок квалитет и разумна цена, а купувачите ќе имаат можност да ги споделат своите мерки, преференци за материјали и модели директно со тимот.

„Со оглед на нивото на хиперпродукција на облеката што ѝ претходеше на оваа криза, се надеваме дека деновите во затворен простор можат да донесат револуција. Ова е повик за будење и за потрошувачите и за индустријата како целина.

Заканата што ја држи оваа пандемија над нашите глави е повик за акција за модната индустрија да забави, да се оддалечи од масовното производство, да ја смени насоката и да се подобри пред да дојде до уште поголем проблем. Нашиот проект ‘Ношпал Митра Limited Edition’ е круцијална активност за поддршка на модата“, велат од Митра.

Заштитни лица на колекцијата се маркантните Надица Георгиева и Веда Евтимова, а фотографиите ги изработи Дарко Мораитов. Фризурата е на Panache, шминката на Зоран Шурбевски, а асистент е Викторија Арсовска.

Колекцијата ќе биде во продажба од петок, 26 јуни, ексклузивно на www.mitra.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се откажува годинашниот „Тиквешки гроздобер” поради превентивните ковид-мерки 

Редакција

Американскиот сенатор Берни Сандерс „нурка“ во Охридското Езеро

Редакција

Том Круз, прв актер кој ќе снима филм во вселената

Редакција