еМагазин
Image default
Спорт

Нова, бесплатна и иновативна СКМ ВИРТУЕЛНА ТРКА – Трка за забава!

Доколку во овој период на седење дома ви недостасуваше трчањето и адреналинот кој доаѓа со него, Виз Ер Скопски маратон доаѓа со одлична идеја да се протегнете и да го разбудите спортскиот дух во себе.

На забавен и креативен начин, Виз Ер Скопски маратон ја претставува новата виртуелна трка „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ преку која ќе трчате, но и ќе се забавувате.

Иако овој викенд, на 10-ти мај, требаше да се одржи Виз Ер Скопски Маратон, кој се одложи за 4-ти октомври оваа година, а во неделата пред одржувањето на маратонот од организацијата секогаш имало интересни и возбудливи содржини.

Така и сега, тие ја организираат бесплатната „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ на која што може да учествува секој без разлика на кој дел од светот се наоѓа. Единствен услов за учество е да се почитуваат препораките од надлежните, секој да трча сам или на растојание од 2-3 метри и да се избегнува групирање и локации со голема фреквенција на движење.

Регистрацијата  за „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“ е бесплатна и ќе трае од 5-тти до 15-ти мај со официјална должина на трката од 5 километри.

Во овој период ќе треба и да ја истрчате трката. Дозволено е одење или трчање во еден ден или во неколку денови во периодот додека трае виртуелната трка.

Исто така, оние кои се спремни може да истрчаат и повеќе километри од предвидените 5км и истите ќе бидат прикажани во листата на резултати.

Сепак, одлучувачки фактор за најдобар резултат ќе се земе времето на најдобрите 5 км од истрчаната должина, потребно за истрчување на 5-тте километри потребни за виртуелната трка.

За учество во „СКМ Виртуелната Трка – Трка за забава“ можете да се регистрирате на два начини. Доколку трчате со мобилен телефон, треба да ја инсталирате  апликацијата Racemap (достапна бесплатно на Play Store и App Store) на која е креирана самата СКМ Виртуелна трка, а мора да се регистрирате пред да трчате на самата апликација со едноставен внес на вашето име, презиме и омилен број.

Но, доколку трчате со GPS часовник или друга мобилна апликација, регистрацијата се прави по трчањето на следниот линк: skopskimaraton.com.mk.

Можете да трчате на било која локација во светот и онаму каде што вам најмногу ви одговара.

Време е за спорт и многу забава со „СКМ Виртуелна трка – Трка за забава“. На оваа трка сите сме победници!

Повеќе информации за СКМ Виртуелната трка можете да најдете доколку го посетите следниот линк: skopskimaraton.com.mk.

ПРОМОТИВНА ОБЈАВА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Почетокот на Бизнис 3х3 Баскет се одложува на 30 септември по барање на учесниците

Редакција

Пријави се на Виз Ер Скопски маратон! – најголемиот спортски настан ќе се одржи на 10 мај 2020

Редакција

Голем успех за македонските сноубордери – ја завршија сезоната со два златни, два сребрени и шест бронзени медали

Редакција