еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Филипче: Вучиќ беше со многу тежок наод на белите дробови, сочувство до семејството и најблиските

Министерот за здравство Венко Филипче, се огласи за смртта на нашиот познат композитор, музичар и водител Драган Вучиќ, кој почина на Инфективната клиника.

„Утрово на Инфективната клиника од коронавирусот почина нашиот познат музичар, композитор и тв водител Драган Вучиќ.

Тој беше хоспитализиран пред осум дена откако состојбата му се влошила и од тогаш е лекуван на оделението за интензивна нега.

И покрај сите напори на лекарите и целиот стручен тим, Вучиќ со многу тежок наод на белите дробови, за жал, му подлегнал на вирусот. Упатувам искрено сочуство до семејството и блиските,“ напиша Филипче.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Драган Вучиќ почина по компликации од корона вирусот

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со концертот на „Фолтин“, денеска во Битола започнува новогодишната програма „Зимска приказна“

Редакција

Симон Трпчески со бесплатен концерт „Македонисимо“ на платото пред МОБ

Редакција

Да помогнеме: Четиригодишниот Љупче е роден со кифосколиоза, состојбата се влошува треба да се оперира во Турција

Редакција