Лидерот на ЛДП, Горан Милевски во интервју за Сител изјави дека коалициските партнери кои се во Владата имаат интензивни преговори за избор на нова влада.
Тој рече дека до средината на следната недела се очекува да има искристализиран предлог за мандатар, а за десетина дена да се избере и нова влада.
Во однос на предлозите за премиер, дали се тие од СДСМ, од внатре од коалицијата или од надвор, Милевски не сакаше да коментира.
За тоа дали ќе се задржи актуелната распределба на ресорите, лидерот на ЛДП вели дека тоа не е реконструкција, туку комплетно нова влада и останува до коалициските партнери дали ќе ги задржат, дали ќе се утврдат негде слабости…
Во однос на мнозинството, тој рече дека очекува тоа да се зголеми и во краен случај да остане како и сега.
„Се очекува зголемување на мнозинството, се очекува одговор од Алтернатива. Ако не ќе остане вака, ако не ќе има 66“, рече Милевски за Сител.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку групации, меѓу нив и Бранко Црвенковски, сакаат да го преземат СДСМ, вели Бучковски
Фото: Влада