еМагазин
Македонија

Нови 38 случаи на Ковид-19 во тиквешкиот регион, меѓу нив двајца здравствени работници

Уште двајца здравствени работници од Кавадарци се позитивни на Ковид-19, потврди доктор Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.

Тој појасни дека во изминатите 24 часа, евидентирани се нови 38 случаи позитивни на коронавирусот во тиквешкиот регион.

Од Кавадарци 24, 11 од Неготино, два случаја од Демир Капија и еден од Росоман. Сите се на возраст од 12 до 82 години.

Се утврдуваат контактите на новозаболените со цел нивна изолација.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: За сега нема одлука за полициски час или ограничување на движење

Редакција

Избеганиот Груевски доби адвокат од државата и за „Траекторија“, СЈО побара уште еден притвор за него

Редакција

Нема да има реконструкција на случајот „Монструм”

Редакција