Уште еден здравствен работник од Кавадарци е позитивен на Ковид-19, а нови 43 случаи со коронавирусот се потврдени во Тиквешко. Ова за МИА го изјави докторот Ристе Јовановски, специјалист епидемиолог при кавадаречкиот Центар за јавно здравје.
Едно лице е починато од Неготино, на возраст од 67 години. Во Кавадарци и Неготино има по 19 новозаболени, а во Демир Капија пет.
Тие се на возраст од 27 до 75 години.
МИА/Фото: Општина Кавадарци
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.