еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Новогодишна донација од „Sport Life“

„Sport Life“ продолжува со своите активности како општествено одговорна компанија, информираат од таму.

По повод новогодишните и божикните празници беа посетени и донирани новогодишни пакетчиња во ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, во ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа, Куманово и во Здружение регионален центар за лица со интелектуална попреченост „Порака наша“, Куманово.

„Посетата на јавните установи во кои се згрижени деца и лица од ранливите категории и донациите за истите, сакаме да прераснат во традиција. Имено, и минатата и оваа година, имавме можност да донираме новогодишни пакетчиња, да ја споделиме празничната атмосфера и да ги пренесеме најубавите желби за Новата година.

Се надеваме дека заедно со нашиот тим од Sport Life ќе поттикнеме поголемо внимание и грижа за нив. За нас секоја нивна насмевка е скапоцена,“ истакнува Петар Поцков, маретинг директор на „Sport Life“.

Секое внимание и поддршка за лицата со посебни потреби како и за децата во згрижувачките центри и домови е од огромна важност за нив. Тие се дел од најранливите групи во општеството и остануваат во фокусот на општествената одговорност на „Sport Life”, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Се отвори Центар за медицински иновации во Македонија

Редакција

Децата во градинките ќе се хранат со домашни праски, сливи, круши и јаболка

Редакција

(Фото вест) Освестени млади луѓе: Момче со интересна порака до возачите

Редакција